Спијат во шатор на балкон: Брачен пар се плаши од „паранормални појави“ во станот

од Nikola Popovski
442 прегледи

Патриша и Дејвид Ц. и нивните две деца се преселиле во стан во општината Реплонж, Франција во септември минатата година. Нивниот нов дом бил простран, добро осветлен и модерен, но семејството не успеало да ужива долго време затоа што почнале да се случуваат бизарни работи, пишува „Oddity Central“.

Патриша тврди дека нејзината ќерка започнала да гледа чудни работи низ куќата набргу откако се вселиле, а по некое време целото семејство се уверило дека се случува некоја паранормална активност во нивниот стан.

Работите наводно станале толку лоши што морале да стават шатор на балконот за да спијат во мир, а го користат повеќе од еден месец.

„Започна со црни сенки. Тогаш стана сè погласно: светлото ќе се изгаснеше одеднаш, телевизорот ќе се вклучеше, телефонот ќе се укочеше без причина, садовите ќе испуштаат чудни звуци … – му рекол парот на францускиот весник „Ле Прогрес“.

Заситени од „паранормалните појави“, парот побарал услуга од таканаречен „магнетизаторка“, личност која користи магнетна енергија за откривање духови, која откако извршила увид во станот, им рекла дека се прогонувани од „заробениот“ дух на жена од 19 век, која сакала да си одат.

Бидејќи парот нема луксуз да се пресели, а компанијата што управува со зградата тврди дека сè е во ред со станот, бидејќи претходно бил изнајмен двапати без инциденти, парот решил да спие во шатор. Тие повторно поднеле барање за друг стан, но засега чекаат и спијат на балконот.

Слични содржини