Спијте голи за посреќна врска

од Vladimir Zorba
215 прегледи

Многу луѓе спијат со пижами или ноќница. Некои преферираат да облечат само маичка, други се облекуваат како да ќе излегуваат надвор.
Спиењето голи сепак е најдоброто што можете да го направите не само за својот сексуален живот, но и за вашето здравје. Погледнете зошто!

Многу полесно е
Нема потреба да се грижите што да облечете. Нема да се ја гужвате целосно во својата облека, додека ги менувате позите за спиење. Тоа е едно од најпознатите досадни работи за време на спиењето – да се извртите во своите пижами, ноќница и ним слични алишта. Отстранете се, а ако ви е толку ладно, едноставно наметнете уште една прекривка и готово.

Контактот ” кожа на кожа ” е многу попријатен
Кога до вас спие саканиот е многу пријатно да му ја допирате со тело голата кожа. Тоа зближува како физички така и емотивно. Кожата е посеана со милијарди нервни завршетоци, што го прави допирот на кожата на саканиот/ата начин да го намалите стресот и да се подигне нивото на серотонин.

Ќе го подобрите сонот
Кога спиете голи сонот се подобрува. Истражувањата покажуваат дека нивото на мелатонин во крвта се зголемува, што го прави спиењето не само подолго, но и спиењето повеќе непробудно. Постојаното спиење во текот на ноќта е од исклучително значење.

Ќе се чувствувате посреќни и слободни
Чувството да си ослободен од нејзината облека е одлично. Тоа чувство ќе ве тера да се будите занесени, опуштени и свежи. Ако и двајцата со партнерот спиете голи, тоа ќе ја подобри и вашата врска.

Почесто ќе имате секс
Истражувањата покажуваат дека допирот на кожата меѓу партнерите создава повеќе расположение за секс. Не дека во соблекувањето нема секси елемент, напротив, но самиот допир “кожа на кожа” е предиспонирачки за мозокот кон сексуални мисли, полесна ексцитабилност и желба за блискост со партнерот. Мажите тешко издржуваат поглед на гола жена пред себе, колку и да се уморни.

Помага и на кожата
Колку послободна е кожата, толку подобро. Таа дише, се проветрува и не се создаваат услови за задржување на бактерии, запотување, црвенило и други кожни болести или моментални болки.

Се регулира кортизолот
Кортизолот е хормон на стресот, кој се секретира од надбубрежните жлезди. Неговата висока концентрација се поврзува со зголемени нивоа на стрес во организмот, од што произлегуваат ред болести, физички и психички. Спиењето голи го намалува кортизолот, ја инхибира анксиозноста, депресијата и го подобрува расположението.

Гениталиите исто така, ќе се посреќни
Тестисите на мажот имааат потреба од поладни услови, за да функционираат правилно. Женската вагина пак има потреба од проветрување и намалување на условите на испарување кои носат ризик од инфекции и нарушувања во билансот на вагиналната флора. Со ослободувањето од долна облека вие ги намалувате овие ризици и ги правите гениталиите навистина посреќни.