На прославениот американски филмски режисер Стивен Спилберг денеска му беше врачена наградата за животно дело на 73. Берлински филмски фестивал.
Добивајќи ја почесната златна мечка за животно дело, Спилберг изјави дека и денес на 76-годишна возраст се уште е возбуден од плановите за снимање нови филмови, пренесе Ројтерс.
Овој светски познат режисер, познат по најомилените блокбастери во историјата на кинематографијата како што се „Jurassic Park“, „Schindler’s List“, „Saving Private Ryan“ и „E.T.“ неодамна заврши два филма, еден по друг – полуавтобиографските „The Fabelmans“ и „West Side Story“, римејк на класичната холивудска класика, љубовно-драма мјузикл од 1961 година во режија на тандемот Роберт Вајз и Џером Робинс врз основа на оригиналот на мјузиклот на Бродвеј од 1957 година.