KОВИД-19 е болест предизвикана од новиот коронавирус SARS-CoV-2. Најчестите симптоми се покачени телесна температура, сува кашлица, замор, болки во грлото, болки во мускулите или зглобовите, тешкотии во дишење, губење на вкус или мирис, гадење или повраќање, дијареа и губење на апетит. Во некои случаи пациентот развива потешки симптоми кои бараат хоспитализација во единици интензивна нега. Бидејќи симптомите на болеста можат значително да влијаат на правилниот внес на храна и задоволување на нутритивните потреби, исхраната е суштинска компонента во заздравувањето, закрепнувањето и заштита на нашиот имун систем.
Началникот на одделението за физиологија и мониторинг на исхрана при Институтот за јавно здравје на РСМ, д-р Игор Спироски за „Локално“ вели дека најголема заштита се овозможува со внес на потребните витамини и минерали преку разновидна исхрана.
– Сѐ што му е потребно на нашиот организам може да се внесе преку храната. 50% од нашиот дневен внес на храна треба да бидат овошје и зеленчук, 1/4 треба да биде внес на жита со нагласен внес на интегрални жита, а преостанатата четвртина треба да се тнр. здрави протеини, кажува докторот.
На индивидуално ниво според Спирковски внесот на додатоци на исхраната треба да се прави во консултација со лекар, а според истражување на ИЗЈ како што нагласува докторот, македонското населени преку искрана ги внесува сите потребни витами.
-Истражувањата на ИЈЗ покажуваат дека населението во Македонија успева да ги внесе скоро сите витамини и минерали во препорачани количини преку исхраната. Исклучок е витаминот Д кој се внесува под препораките и за кој вреди да се размислува за надоместување преку додаток на исхраната. Секако, на индивидуално ниво, внесот на додатоци на исхраната треба да се прави во консултација со лекар, тврди Спироски
Според странските студии исто така се тврди дека здравата исхрана игра клучна улога во зајакнувањето на имуниот систем. Посебни хранливи материи вклучувајќи омега-3, масни киселини, витамини Ц и Д и други антиоксидантни соединенија, кои се наоѓаат во медитеранската исхрана, како што е рибата, потоа маслиново масло, јаткасти плодови, овошје и зеленчук, би можеле да поддржат оптимален имунолошки систем за време на КОВИД-19.
М.А.