СПЛАВОТ ЗАПОЧНА ДА ТОНЕ: Итно прекинат настап на Наташа Беквалац

од Stefanija Kuzmanovska
368 прегледи

По едногодишна пауза поради коронавирусот, синоќа Наташа Беквалац пееше во Белград, но изведбата беше прекината бидејќи сплавот започна да тоне.

Имено, сплавот на кој таа настапи во еден момент започна да тоне поради многу луѓе на него, па затоа свирката веднаш беше прекината.

Обезбедувањето се погрижи веднаш да ги евакуира сите присутни, односно да ги отстрани од сплавот, заради нивната безбедност.

Полицијата набргу пристигнала на местото на настанот.

За среќа, никој не беше загрозен бидејќи само еден дел од сплавот започнал да се ниша, а подоцна да тоне.

Слични содржини