Сплит и Белград меѓу топ 5 европски градови со најскапи недвижности во однос на приходите

од Vladimir Zorba
459 прегледи

Сплит е трет најскап град во Европа, а Белград четврти според цените на недвижностите во однос на приходите, според страницата „Нумбео“, која се претставува како најголема база на податоци за трошоците на животот, како и за квалитетот на животот.

Сплит е зад Москва (сооднос 21,12), која е на прво место, и Париз (20,97), и пред Белград (19,77).

Списокот на Нумбео за првите 20 места изгледа вака:

1. Москва (Русија) – 21,12

2. Париз (Франција) – 20,97

3. Сплит (Хрватска) – 20.30

4. Белград (Србија) – 19,77

5. Владивосток (Русија) – 18,63

6. Гдањск (Полска) – 18,31

7. Прага (Чешка) – 17,97

8. Милан (Италија) – 17,85

9. Рим (Италија) – 17.53

10. Минск (Белорусија) – 17,38

11. Лисабон (Португалија) – 16,67

12. Краков (Полска) – 16,46

13. Задар (Хрватска) – 16,41

14. Санкт Петербург (Русија) – 16,34

15. Минхен (Германија) – 16,27

16. Тирана (Албанија) – 16.21

17. Вроцлав (Полска) – 16,16

18. Поњнан (Полска) – 16.00

19. Гдиња (Полска) – 15,77

20. Лондон (Велика Британија) – 15,65

Слични содржини