Сплит под вода: За еден ден наврнало повеќе дожд отколку за цел месец (видео)

од Nikola Popovski
446 прегледи

Сплит денес е под вода, а не се памети дека имало толку многу дожд во градот, кој паѓа од утрово. Според информациите наврнале 121 литар дожд на метар квадратен, што е повеќе од просекот за цел декември.

До пладне, пожарникарите во Сплит имаа 20 интервенции за исфрлање вода од подрумите и приземјета, а особено се загрозени јужните делови на градот, соопштиле од Сплитскиот оперативен пожарен центар, пренесува Индекс.

Пожарникарите ги повикуваат граѓаните да бидат трпеливи во сообраќајот, што е тешко поради поплавените улици.

„Сите служби се на терен и помагаат да се санираат штетите. Бараме од граѓаните претпазливост и трпеливост, особено во сообраќајот“, најавуваат од Градската управа.

Од градот соопштуваат дека официјалниот рекорд на врнежи од 24 часа во Сплит бил 228,5 литри на метар квадратен, што се случило во септември 1948 година, така што постои можност овој рекорд да биде соборен до крајот на денот.

 

Слични содржини