584
Од вкупниот број попишанo резидентнo население, како Македонци се изјасниле 58,44 отсто од граѓаните, 24,3 се Албанци, 3,86 се изјасниле како Турци, 2,53 како Роми, 0,94 отсто се Власи, а 0,87 отсто Бошњаци.
Директорот на ДЗС, Апостол Симовски рече дека успешно и професионално е завршен процесот на попишување на населението домаќиствата и становите.
-Според бројот на жители најмала општина е Зрновци – 2086 жители најголема е општина Куманово која е дом на 98 104 жители.Скопје е дом на 526 502 граѓани и во споредба со пописот од 2002 година процентот е зголемен за 3,9 посто, кажа Симовски.