СПОРЕДБА НА 40 ГРАДОВИ: Жителите се најсреќни во овие германски градови

од Vladimir Zorba
196 прегледи

Германците редовно ги оценуваат условите за живот во нивните градови. Берлин се лизна на дното на листата на пожелни места за живеење оваа година, според ДПА.

Имено, меѓу 40 градови со најмалку 200.000 жители, главниот град го зазеде 37. место.

Во истражувањето на Институтот за демоскопија Allensbach, најсреќни се жителите на Касел, Ерфурт и Ахен.

Послаб рејтинг од Берлин добија само Росток, Карлсруе и Визбаден, кој го повтори резултатот од претходната година.

За истражувањето, Allensbach анкетирал 25.557 луѓе, кои оцениле елементи на квалитетот на животот во нивниот град.

На врвот на листата се претежно малите градови, изјави Бернд Рафелхусен од Институтот во Фрајбург.

„Никој не е особено богат, а нивните објективни показатели за благосостојба се едвај над просекот“, објасни тој.

Она што импресионира е семејната атмосфера на едно мало место, а често тоа се градови со студентска средина. Покрај сето тоа „прилично се мирни, имаат многу зеленило и добар воздух“.

Според статистичарите, градовите со добри семејни и образовни политики постигнале најдобри резултати во однос на задоволството од животот.

Следат здравствена заштита, куповна моќ и квалитет на животната средина.

Слични содржини