274
Салата во спортскиот центар „Ново Лисиче“ доби нова ергономска подлога и нови штедливи ЛЕД-светилки.
Новата подлога ќе придонесе за побезбедно спортување на граѓаните кои го користат спортскиот центар како место за тренинг и релаксација.
„Спортот е еден од најважните фактори на нашето општество, а Аеродром гордо го носи епитетот – спортска општина. Ние како Општина го негуваме спортскиот дух на аеродромци и посветено работиме на обезбедување современи услови во салите и на отворените игралишта“, рече градоначалникот на Општина Аеродром, Златко Марин.
Општина Аеродром и во наредниот период продолжува со реконструкција на спортските и детските игралишта.