Спортската сала во Ново Лисиче доби нова подлога и ЛЕД-светилки

од Берта Китинска

Салата во спортскиот центар „Ново Лисиче“ доби нова ергономска подлога и нови штедливи ЛЕД-светилки.

Новата подлога ќе придонесе за побезбедно спортување на граѓаните кои го користат спортскиот центар како место за тренинг и релаксација.

„Спортот е еден од најважните фактори на нашето општество, а Аеродром гордо го носи епитетот – спортска општина. Ние како Општина го негуваме спортскиот дух на аеродромци и посветено работиме на обезбедување современи услови во салите и на отворените игралишта“, рече градоначалникот на Општина Аеродром, Златко Марин.

Општина Аеродром и во наредниот период продолжува со реконструкција  на спортските и детските игралишта.

Слични содржини