Фирмата Спотифај соопшти дека поткренува проект за помош на музичарите, COVID-19 Music Relief, со цел да се собираат сретства за нив во екот на пандемијата со коронавирусот која го запре животот во повеќето држави, што се одрази на економијата.
Овој музички стриминг сервис, кој има околу 124 милиони претплатници, исто така склопи партнерство со непрофитни организации како MusiCares И Help Musicians, добротворни организации за музичарите со седиште во Обединетото Кралство, се вели во соопштението.
Спотифај ќе донира сретства на овие здруженија во висина на донациите кои ќе бидат уплатени преку интернет страницата OVID-19 Music Relief, во износ до 10 милиони долари.
Државите ширум светот ги повикуваат своите граѓани да останат дома за да се успори ширењето на пандемијата.
Фирмата исто така работи и на одвоен прокет како би им се помогнало на музичарите да соберат сретства од од обожавателите за себе или за други уметници.