Spotify го купи Findaway, започнува поход на аудио-книгите

од Vladimir Zorba
190 прегледи

Findaway е фокусиран на DIY содржини и потенцијално може да донесе сосема нова категорија креатори во Spotify. Бизнисот со аудио книги на Spotify е предводен од ко-основачот на Anchor, Нир Зичерман, со што оваа аквизиција потсетува на купувањето на Anchor во 2019 година.

„Веруваме дека аудио-книгите, во нивните многу различни форми, ќе бидат огромна можност“, изјави извршниот директор на Spotify, Даниел Ек, на инвеститорите на презентација минатиот месец. „И исто како што направивме во подкастингот, очекувајте да играме за да победиме“.

Услугата би требало да работи поинаку од доминантниот играч во индустријата, Audible на Amazon. Претплатниците на Audible плаќаат 14,95 долари месечно за да купат една аудио-книга. Не е јасно дали премиум претплатниците ќе имаат неограничен пристап до аудио-книги, а шефицата задолжена за содржина, Даун Остроф, минатиот месец рече дека ќе има и ниво поддржано од реклами.

Spotify, исто така, ја откри цената за неколку други големи аквизиции денес. Podsights и Chartable ја чинеа компанијата заедно 83 милиони евра (околу 94 милиони американски долари во тоа време), а Sonantic чинеше 91 милион евра (околу 96 милиони американски долари).

Но, за Heardle се уште нема цена, пренесе The Verge.

Слични содржини