Spotify го пушта својот прв физички производ

од Vladimir Zorba
80 прегледи

Со над 217 милиони месечни корисници и преку 100 милиони претплатници за премиум услугата, Spotify е неспорен лидер во музичките платформи.

Па така, 13 години по нејзиното пуштање, компанијата конечно презема чекори кон трговија со физички производи кои лесно можат да ги протурка на своите милиони лојални фанови.

„Car Thing“ е првиот хардверски производ на Spotify, кој претставува мал предавател, чија идеја е да го внесе Spotify во автомобилите на корисниците на компанијата, без да е потребно тие да се опремени со модерни аудио системи и екрани на допир.

Уредот се вклучува директно во слотот од 12 волти во автомобилот и може да се контролира целосно со гласовни команди.

Според информации од „Spotify“, уредот ќе се потпира на сличен на Siri и Google Assistant виртуелен асистент, но неговото име се уште е тајна.

За моментов „Car Thing“ не може да биде купен, но компанијата ќе испрати лимитиран број уреди до некои од своите претплатници на територијата на САД со цел тестирање на услугата.

Ако тестовите се успешни, гаџетот ќе се продава во повеќе земји, додаваат од Spotify.