Spotify ќе развива хардверски производи?

од Vladimir Zorba
251 прегледи

Spotify веројатно развива свој паметен звучник. Ова станува јасно од огласите за вработување направени од страна на компанијата.

Еден од нив наведува дека Spotify ќе ги создаде првите физички производи и ќе почне со организација на производство, испорака, продажба и маркетинг.

Во моментов, Spotify се потпира на паметни звучници како Google Assistant, Amazon Echo и Sonos One за да ги „стримуваат“ своите услуги, што очигледно е на пат да се промени.

Листата бара оперативен менаџер, постар продукт менаџер за производство на хардвер и проект менаџер за производство на хардвер и инженеринг.

Spotify е најпопуларната услуга за стриминг на музика и работи со повеќето други производители на уреди, но до денес, на пример, невозможно е корисник на Android да стримува музика од Spotify до Apple HomePod.

Слични содржини