Spotify Lite веќе е тука, но недостасуваат многу основни карактеристики

од Vladimir Zorba
130 прегледи


Апликацијата Spotify Lite се појави тивко во Google Play Store, но се уште е во бета верзија. За конечната верзија најверојатно ќе има официјално соопштение, но ако живеете на вистинското место и поседувате вистински паметен телефон, може да биде можно да ја преземете сега.

Како што Spotify нагласува во описот, апликацијата Lite е само во тест верзија во моментов. Компанијата ги повикува корисниците, кои ја преземаат да ги споделат своите повратни информации, за да може апликацијата да се надгради и прилагоди ако е потребно.

Пред да ја пробате, треба да знаете дека Spotify Lite не го нуди истото целосно искуство што го добивате со користење на целосната верзија на апликацијата (било да е тоа мобилна или десктоп). Постојат многу функции како што се префрлање песна, опцијата за симнување песни и избор на квалитет на звук, како и голем број мали детали кои ја олеснуваат навигацијата во апликацијата, а не се присутни.

Добро е што во теоријата Spotify Lite треба да работи на сите Андроид паметни телефони во сите мрежни услови. Исто така, лесната верзија користи помалку податоци од стандардната и очигледно ќе земе многу помалку простор на вашиот телефон.