Спречен атентат врз Зеленски

од Симе Стоиков
401 прегледи

Маж од Полска е уапсен под обвинение дека бил подготвен да му помогне на руското воено разузнавање во наводниот заговор за атентат на украинскиот претседател Володимир Зеленски, објавија полските обвинители во четвртокот, пренесува АП.

Канцеларијата на националното обвинителство на Полска соопшти дека Полјакот, идентификуван само како Павел К., бил обвинет дека бил подготвен на руски агенти да им пренесе безбедносните информации за еден аеродром, поради шти бил уапсен во средата во Полска.

Човекот бил во контакт со Руси директно вклучени во војната во Украина и се очекувало да пренесе детални информации за аеродромот Жешов-Јасионка во југоисточна Полска, во близина на границата со Украина, кој служи како порта за меѓународна воена и хуманитарна помош.

Аеродромот е под контрола на американски војници.

Доколку биде прогласен за виновен, човекот може да се соочи со казна затвор до осум години, се вели во соопштението за печатот.

Слични содржини