Спречен хаосот со гориво: Најголемиот американски нафтовод ги исплатил хакерите

од Nikola Popovski
463 прегледи

Најголемиот американски нафтовод „Колонијал пајплајн“ им исплатил скоро пет милиони долари на источноевропските хакери по тешкиот сајбер-напад со кој била затворена најголемата мрежа на нафтоводи во земјата, објави Ројтерс, повикувајќи се на Блумберг.

Компанијата платила голем откуп во крипто валута што не може да ѝ се влезе во траг со часови по нападот, се вели во извештајот на Блумберг повикувајќи се на два извори запознаени со трансакцијата.

По сајбер-нападот, Колонијалот ја исклучил најголемата мрежа на нафтоводи во земјата, која има 8.850 километри цевководи.

По шестдневно исклучување, главниот американски нафтовод, кој носи 100 милиони галони бензин, дизел и гориво од авиони на ден, во четвртокот ги пренел првите милиони галони моторно гориво.

Исклучувањето на нафтоводот предизвика недостиг на гориво и прогласи вонредна состојба од Вирџинија до Флорида, две рафинерии мораа да го намалат производството, а тоа влијаеше и на снабдувањето со гориво на некои авиокомпании.

ФБИ ја обвини тајната криминална банда ДаркСајд за сајбер-нападпт. Групата, за која се верува дека е со седиште во Русија или Источна Европа, не презеде директна одговорност, но рече дека ги пробила системите на три други фирми, вклучувајќи и технолошка компанија од Илиноис.

Слични содржини