Спречен обид за атентат врз лидерот на Буркина Фасо

од Stefanija Kuzmanovska
196 прегледи

Во Буркина Фасо беше спречен уште еден обид за државен удар; бил спречен обид за атентат врз лидерот на земјата Ибрахим Траоре, пренесуваат тамошните медиуми.

Според извештаите, зад обидот за атентат стои вујкото на претходниот привремен претседател на Буркина Фасо, Пол-Анри Сандауг Дамиба, кој го организираше државниот удар во 2022 година.

Заговорниците се надевале дека ќе активираат експлозив во претседателската резиденција.

Во септември, четворица полицајци беа приведени во Буркина Фасо под сомнение дека учествувале во обидот за пуч.

Во октомври 2022 година, Ибрахим Траоре го собори претседателот Пол-Анри Дамиба и ја распушти владата во вториот државен удар за осум месеци.

Слични содржини