Спречено париско сценарио во Брисел

од Vladimir Zorba

Белгиските власти велат дека во неделата оствариле серија на пребарувања на дузина локации во Брисел за да спречат напади со во главниот град на Кралството Белгија идентични како и Париз на 13-ти ноември, пишуваат дневните белгиски весници „Де тејд“ и „Л’Ехо“, јави дописникот на МИА од Брисел.

696318_brisel-policija-belgija-foto-reuters-3_f

Иако на максимално ниво на готовност останува во сила во моментов во регионот на Брисел, белгиските власти велат дека добиле повеќе укажувања во текот на истрагата, според кои во неделата биле дестабилизирана сериозна терористичка мрежа. Судската истрага е во тек и во моментов се идентификуваат многу, како што јавува „Л’Ехо“, хард-кор членови на терористичката мрежа што во неделата сакале да изведат пресликано париско сценарио во Брисел.

Нападите што пред три дена требало да се случат на неколку локации во Брисел, а кои биле спречени со силната воено-полициска акција на белгиските безбедносни сили на дузина локации во европската и белгиска престолнина, според белгиските весници требало да се случуваат по истата линија како и во Париз. Со тоа што еден од осомничените беше уапсен и обвинет, на крајот, целата терористичка мрежа на поддршка, вклучувајќи и симпатизери, дувла, пари итн., била поткопана од страна на безбедносните сили и спречена во намерата.

Во меѓувреме, додека четвртиот највисок степен на закана од терористички напад останува до вторник во Брисел, а трет степен за остатокот на Белгија, повеќе од 300 полицајци и 200 војници, денеска беа распоредени пред училиштата и метро-станиците во Брисел, откако Националниот совет за безбедност на Кралството одлучи да ги отвори училиштата и подземната железница.

А, по најбараниот терорист во Европа, белгискиот државјанин Салах Абдеслам, кој учествуваше во терористичкиот напад во Париз што одзеде 130 животи, белгиските власти се уште трагаат, иако неофицијални информации велат дека тој веќе пребегал и се крие во Германија..МИА

Слични содржини