СПЦ на средба со Палмер: Косово, Република Српска и Црна Гора се од витално значење

од Nikola Popovski

Косово, Република Српска и Црна Гора се од витално значење за нас, рече во петокот патријархот на Српската православна црква (СПЦ) Порфирије за време на состанокот со претставникот на САД за Западен Балкан Метју Палмер и претставникот на ЕУ, Мирослав Лајчак, кој пристигнал во Косово и Србија оваа недела како дел од напорите за започнување дијалог меѓу Белград и Приштина.

Освен со политичките лидери на Србија и Косово, Палмер и Лајчак се сретнале и со лидерите на Српската православна црква, која имала силно влијание во политичкиот живот на Србија.

Позицијата на Српската православна црква е добро позната- тоа е нелегално отцепување на дел од територијата и нема начин некој да наметне такво решение што ќе прифати нелегално отцепување, се вели во соопштението на СПЦ по состанокот на верските лидери и западните дипломати.

СПЦ – потребно е европско решение

Патријархот Порфирије го изразил ставот дека дијалогот треба да оди кон европско решение, кое е во духот на Европската унија, каде што границите омекнуваат и стануваат помалку важни, но не е објаснето што тоа би значело во практична смисла.

Косово прогласи независност од Србија на 17 февруари 2008 година, на вонредна официјална седница на Собранието на Косово. Истата вечер, Владата на Србија донесе одлука да ја поништи таа декларација. Оттогаш, продолжуваат обидите на Србија да го блокира членството на Косово во сите важни меѓународни организации.

Дијалогот меѓу Косово и Србија треба да заврши со мировен договор, меѓусебно признавање, но никој не може да предвиди кога тоа може да се случи.

Слични содржини