„Спутник V дава поширок опсег на антитела од Фајзер“

од Nikola Popovski
366 прегледи

Вакцината Спутник V обезбедува поширок опсег на антитела кои го неутрализираат коронавирусот во споредба со антителата произведени по вакцината „Фајзер“, изјави за телевизијата „Русија 24“ Александар Гинцбург, директор на Центарот за епидемиологија и микробиологија „Гамалеја“.

Тој смета дека Спутник V ќе штити и од сојот омикрон и дека единствено прашање е колкава ќе биде таа заштита во проценти.

„Кога ќе го добиеме одговорот на тоа прашање, тогаш ќе одговориме и на сите други прашања поврзани со епидемиологијата на сојот омикрон. Ова се однесува на фактот дека вакцинацијата влијае на различното епидемиолошко ширење на овој вид, како и на можната клиничка слика и дали заштитата од вакцинација е целосна, делумна или непостоечка. Мислам дека ќе има одредена заштита, но ќе видиме колкав процент ќе биде следната недела по тековните прегледи“, рече Гинцбург.

Тој наведе и дека во случај заштитата создадена со вакцинацијата со Спутник V да се намали десеткратно, тогаш треба да се направат одредени промени во вакцината.

Претходно Гинцбург изјави дека ефикасноста на руската вакцина против сојот на коронавирусот омикрон, ќе биде тестирана во следните десет дена.

Слични содржини