Руската вакцина против ковид-19 Спутник В е околу 83 проценти ефикасна против делта сојот, што е пониско отколку што се мислеше, потврди денеска министерот за здравство Михаил Мурашко.
Производителите на вакцини во јуни објавија дека Спутник В е околу 90 проценти ефикасен во однос на видот делта, а рускиот министер објави дека најновите резултати покажуваат дека таа ефикасност е околу 83 проценти, пренесува ТАСС.
Мурашко, исто така, рече дека ефикасноста на вакцината Спутник В против тешкиот тек на болеста, за која е потребна хоспитализација, надминува 95%.
Директорот на Институтот Гамалеја, Александар Гинсбург, кој ја разви вакцината, изјави денеска дека Спутник V е безбедна и ефикасна вакцина против сите познати соеви на вирусот корона.
Руските власти веруваат дека делта е одговорна за зголемувањето на случаите на коронавирус во јуни и јули, како и неподготвеноста на населението да се имунизира и покрај широката достапност на вакцини.