Општа, па и донекаде чудна е и самата формулација „нормализација на односите меѓу Србија и Косово“. Тоа може да значи многу нешта и ништо во исто време. Но што и да значи нормализација, тоа сигурно е подобро отколку тоа што се случува во односите меѓу двете балкански држави, кои не се признаваат меѓусебно и постојано живеат во затегнати односи и кризи, пишува во својата колумна Џабир Дерала.
Исто како процесите за нормализација меѓу Израел и арапските држави што започнаа во 2020 под покровителство на ОН. Ваквите спогодби секогаш откриваат голем потенцијал за мир и просперитет за секоја од страните во тие процеси и пошироко.
Истовремено, тие спогодби секогаш се на стаклени нозе, бидејќи секогаш има актери на сцената на кои им одговара одржување на тензиите. Тие секогаш се во потрага по причини да прогласат неуспех, предавства, загрозување на „светото наследство и идентитет“ (сигурно звучи познато).
По прифаќањето на Предлог-планот за нормализација во Брисел, постојат повеќе причини да се верува дека Србија и Косово се на добар пат да го преминат амбисот што зјае меѓу нив со децении. Или, ако сакаме да бидеме попретпазливи со прогнозите, постојат барем малку повеќе причини за оптимизам, отколку за песимизам.
Српскиот претседател, Александар Вучиќ, повеќе пати изјави дека тој нема никогаш да потпише документ за признавање на Косово, но дека ќе работи на нормализација на односите меѓу двете земји.
Непосредно пред средбата со Курти во Охрид (18 март), Вучиќ ќе изјави дека „нормализација е да имаме подобри односи со Албанците, да се почитуваме едни со други, традициите и верата, како некој што може да ја развива работата, да работиме заедно и да гледаме во заедничката иднина.“
Целата колумна на следниот линк!