Србија бара екстрадиција на две лица кои се поврзани со организиран криминал во земјата, а кои во моментов се кријат во Црна Гора, неофицијално е потврдено за црногорскиот портал „Борба“.
Две засега неименувани лица, инаку лица од безбедносен интерес, се бараат како дел од големите истраги што се водат во Белград, а кои треба да расветлат неколку сурови ликвидации во Србија.
„Борба“ наведува дека станува збор за лица кои се во контакт со групата на Вељко Беливук.
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ неодамна истакна дека Србија бара Црна Гора да испорача две лица кои се страшно важни во истрагата за организираниот криминал и изрази надеж дека тие ќе бидат испорачани на српските власти.