Извршниот одбор на УНЕСКО го поддржа предлогот на Германија, Албанија и Велика Британија за прием на Косово во организација, напиша потпретседателот на косовската Влада Хашим Тачи на Твитер.

kosovo-unesco

За предлогот позитивно се изјасниле 27 земји, 14 биле против и исто толку воздржани, напиша Тачи.

Претставниците на Русија и Куба, со поддршка на Индонезија, се обиделе да го одложат изјаснувањето.

Конечната одлука за тоа дали Косово ќе биде примено во организацијата ќе ја донесе Генералната конференција на УНЕСКО, која ќе биде одржана од 3 до 18 ноември. Србија по дипломатски пат континуирано се трудеше да издејствува Косово да не влезе воопшто во УНЕСКО. /МИА

Слични содржини