Србија елиминирана во осминафиналето на ЕП!

од Берта Китинска
168 прегледи

Кошаркарската репрезентација на Србија со шокантен пораз во Берлин Арена го заврши сонот за злато на ЕП 2022.

Србите кои важеа за топ фаворит на континенталниот собир групната фаза ја поминаа со перфектни „пет од пет“, но не можеа да се спротивстават на италијанската „артилерија“ која по 16 постигнати тројки славеше со 86-94.

Најефикасен во селекцијата на Италија со 22 поени беше Марко Спису, Николо Мели додаде 21, а 19 постигна Симоне Фонтекио.

Италија во четвртфиналето ќе игра против Франција.