На пленарната седница на Извршниот совет на УНЕСКО денеска би требало да се гласа за предлогот на Албанија и група држави за прием на Косово во оваа организација, но Србија ги повика членките на УНЕСКО да го отфрлат барањето.

kosovo-unesco

Доколку предлогот биде усвоен, тогаш за приемот на Косово ќе одлучува Генералната конференција на УНЕСКО, каде одлуките се донесуваат со двотретинско мнозинство меѓу 195-те членки, од кои 111 ја признаа независноста на Косово, а 84 не ја признале.

Српскиот државен и црковен врв и претставници на САНУ, на вчера одржаниот систанок во зградата на Претседателството ги повикаа членките на УНЕСКО да го отфрлат барањето на Косово и на земјите кои го поддржуваат тоа барање.

Во заклучоците од состанокот е укажано дека српските цркви и манастири на Косово се наследство на Српската православна црква и на Република Србија и оти секое одземање на тоа наследство би значело „недвосмилесно загрозување на опстанокот на најважните религиски, културни и историски споменици на српскиот народ, но и на европското и светското културно наследство на Косово и Метохија, но и на српското население кое и натаму живее на тоа подрачје“./MIA

Слични содржини