Србија итно повлече лек против болки: Лек со исто име масовно се користи и во Македонија

од Илинка Илиоска
446 прегледи

Агенцијата за лекови и медицински средства на Србија информира дека лекот Диклофен, произведен од Галеника а.д. Белград, е итно повлечен од продажба. Лекот, кој се користи за ублажување на болка и воспаление, е повлечен поради утврдени несоодветности во квалитетот, кои можат да претставуваат ризик за здравјето на пациентите.

Од Агенцијата посочуваат дека „не е докажан никаков ризик по здравјето на луѓето“, туку дека производот не одговара во целост на пропишаната спецификација. При редовните испитувања на стабилност, спроведени од страна на производителот, било откриено дека параметарот за нечистотија бил малку над дозволената граница.

Исто така, нема пријавени несакани реакции поврзани со оваа несоодветност. Пациентите во Србија и понатаму ќе имаат пристап до други лекови со истата активна супстанца, од други производители, што значи дека повлекувањето нема да влијае врз достапноста на редовната терапија.

Слични содржини