Србија ќе произведува електрични возила, потпишан договор вреден 190 милиони евра

од Vladimir Zorba
275 прегледи

Фиат ќе произведува електричен автомобил во Крагуевац, производството се очекува да започне во 2024 година, пренесе Танјуг.

Договорот со корпорацијата Стелантис предвидува инвестиција вредна 190 милиони евра, а Србија ќе вложи свои 48 милиони евра, истакна претседателот на Србија Александар Вучиќ по средбата со претставниците на Стелантис.

„Потпишавме договор за финансирање на електричен автомобил што ќе се произведува во Крагуевац. Има преоден период до 2023 година, а од почетокот на 2024 година ќе започнеме со производство на еден модел на електричен автомобил“, рече Вучиќ.

Слични содржини