Србија одбива да стане мигрантски центар: Вучиќ со јасна порака по средбата со Орбан и Фицо

од Илинка Илиоска
45 прегледи

Српскиот претседател Александар Вучиќ, по трилатералната средба во Комарно со словачкиот премиер Роберт Фицо и унгарскиот премиер Виктор Орбан, рече дека Србија ќе продолжи да соработува со нив во борбата против илегалната миграција. Во прифатните центри во Србија во моментов има 477 мигранти, рече Вучиќ, нагласувајќи дека Србија нема да биде „хотспот“ за мигрантите, јави дописникот на МИА од Белград.

Вака Вучиќ одговори на новинарско прашање за тоа дали Србија ќе стане она што е Албанија за Италија и под кои услови би се согласила на тоа.

-Не ми паѓа на памет и не би го прифатил тоа под никакви услови. Нема тука финта, игра или приказна. Моите пријатели не го побарале тоа, ниту прашаа, ниту било кој му е дозволено тоа да ме праша, бидејќи воопшто не ми паѓа на памет да зборувам за тоа, кажа Вучиќ.

Тој додаде дека на Србија и е понудена секаква помош и дека веќе работи заедно со Унгарците преку Фронтекс и други заеднички патроли и заеднички тела.

-Постигнавме резултати со заедничка работа, не беше лесно, но оваа година има 80 отсто помалку мигранти од лани. Ќе продолжиме да работиме заедно и верувам дека резултатите ќе бидат добри. Во прифатните центри на Република Србија во моментов има само 477 мигранти. Ние, се разбира, ќе продолжиме да ја работиме нашата работа во интерес на Европа и нашите пријатели, нашите браќа во Унгарија и Словачка, нагласи Вучиќ.

На прес конференцијата Фицо изјави дека има обиди за ликвидација на Вишеградската група и оти Србија треба да стане дел од оваа структура. Орбан истакна дека секојдневните проблеми ја насочуваат соработката и дека не треба да се измислуваат формати.

-Со нетрпение ги очекувам нашите билатерални средби наскоро во Белград и секогаш сум подготвен и сметам дека овој формат на трилатерални состаноци во кои учествуваат нашите три земји е многу важен и многу добар, рече Вучиќ потенцирајќи дека тројцата имаат малку различни мислења за прашањето за војната во Украина.

– Ние е барем смееме да зборуваме и да го изговараме зборот „мир“, затоа што денес во Европа и светот можеме да зборуваме само за победа на едниот над другиот, а не за тоа како мирот ни е толку важен, нагласи Вучиќ.

Слични содржини