Србија: Ученици од прво до четврто одделение ќе добијат бесплатни таблети, во нив и дигитални верзии на учебниците

од Stefanija Kuzmanovska
464 прегледи

Сите ученици од прво до четврто одделение на територијата на Градот Белград ќе добијат таблети од кои ќе можат да учат во новата учебна година на први септември, најави заменик градоначалникот Горан Весиќ како гостин на ТВ Пинк.

Тој прецизираше дека Градот Белград на први септември ќе купи 67.592 таблети и дека секој ќе има картичка со бесплатен Wi-Fi. На тој начин, секое дете ќе има бесплатен интернет дома, без оглед дали нивните родители имаат интернет во станот или не.

– Таблетите ќе се дистрибуираат низ училиштата, родителите ќе ги позајмат, а ќе објавиме конкурс за набавка на дигитални учебници во средината на јуни. Секое дете ќе добие дигитална верзија на учебникот. Купуваме и 6.949 лаптопи за наставници кои работат со тие деца, и секој од нив ќе добие лаптоп за да може да одржува часови со употреба на дигитални учебници – истакна Весиќ.

Тој додаде дека родителите веќе купуваат многу учебници и ги повика директорите да ги известат родителите на учениците дека децата ќе добијат бесплатни дигитални учебници.

– Тие мораат да го сторат тоа, и секако на родителите е дали сакаат нивното дете покрај тоа да има и обични учебници. Директорите се должни да ги известат родителите на учениците што купува Градот Белград за нивните деца. Можеби поради тоа, некој ќе реши да не купува учебници, туку неговото дете да учи од дигиталните – рече Весиќ.

Слични содржини