Србин од групата „Пинк Пантер“ по грешка убил градоначалник во Швајцарија

од Берта Китинска
227 прегледи

Членовите на озлогласената банда „Пинк Пантери“ сакале да го ограбат поранешниот градоначалник на еден швајцарски град, но попатно брутално го претепале и го оставиле во локва крв.

Државјанин на Србија (44) е осуден на 19 години, додека Холанѓанец со српско потекло (41) е осуден на 17 години затвор за убиството на Иво Борер (77), поранешниот градоначалник на швајцарскиот град Мецерлен, пишуваат српските медиуми.

-Луѓето осомничени од швајцарските власти дека се членови на криминалната банда „Пинк Пантер“, според пресудата, упаднале во куќата на овој локален политичар на 14 март 2010 година, кога го претепале и го оставиле да лежи во базенот на крва, а починал четири месеци подоцна – се вели во соопштението.

Целото судење се одвивало на скриена локација поради безбедносни причини. Адвокатите на осудениот Србин се незадоволни од пресудата и тврдат дека се направени големи пропусти во докажувањето на вината.

“Целокупната доказна постапка се засноваше на шал на кој беше пронајдена ДНК на мојот клиент. Никој не ја забележа тој шал за време на обработката на местото на злосторството, а врз основа на тоа, мојот клиент беше поврзан со грабежот во Ветинген”, рече адвокатот  на осудениот Србин.

Токму овој грабеж на продавницата за луксузни часовници ги поврза осудениците со злосторството во Мецерлен. Истата ДНК е пронајдена во таа продавница како и во куќата на убиениот Борер.

Слични содржини