„Чисти лаги и измислици“, вака раководителот на подрачната единица на Министерството за земјоделие во Битола , Илија Србиновски-Шате ги оценува обвинувањата и поднесувањето на кривичната пријава против него од дополнителниот заменик министер, Љупчо Николовски.
– Ми прават политички притисок, или ако сакате хајка против мене и моето семејство, бидејќи сакаат да добијат поени кај земјоделците во пелагонискиот регион. Но, јас со децении, од 1990 години сум меѓу земјоделците како претседател на изборната единица на партијата и тие се задоволни од политиките на ВМРО-ДПМНЕ и Владата. Јас секој ден сум со земјоделците во 85 села и ги знам нивните маки од црните денови кога владееше СДСМ. Затоа земјоделците нема да ги прифатат лагите на СДСМ – вели Србиновски.
(ВИДЕО) Доп. зам. министер во МЗШВ поднесе кривична против екс-пратеник на ВМРО-ДПМНЕ
Што се однесува до обвинувањата дека неговото семејство било вработено во подрачната единица, Србиновски вели дека снаата уште во 2007 била вработена на конкурс, додека пак синот работи во Хиродрометеоролошкиот завод во Битола.
– Што се не се изнаслушавме за мојата фамилијa, синот и снаата работат за плата од 13 илјади денари и се што се зборува е лага- вели Србиновски.
Тој демантира дека неговата сопруга има регистрирано фирми, туку тврди дека таа е регистриран земјоделец-поединиец и дека се што работи досега е регуларно потврдено со договори од Министерството за земјоделие, зашто вели може да се направи увид.
