Србите трошат две евра на ден за храна. Тие се на работ на сиромаштијата

од desk3
66 прегледи

За граѓаните на Србија трошоците за храна и пијалоци сочинуваат речиси 35 проценти од буџетот, што покажува дека животниот стандард е на границата на сиромаштијата, соопшти аналитичкиот центар на Војводина ВОИЦЕ. 

При тоа граѓаните трошат повеќе отколку што заработуваат и се повеќе тонат во социјално раслојување и нееднаквост, посочува центарот.

Експертите предупредуваат дека се живее во еден вид на пензионерска економија а младите се најсиромашни. Граѓаните на Србија трошат помалку од две евра на ден за храна.