„Срцето почна да ми отекува“: Сталоне за малку ќе умрел на снимањето на познат филм

од Stefanija Kuzmanovska
216 прегледи

Актерот Силвестер Сталоне на многумина им е најпознат по улогата на боксерот Роки Балбоа во филмот „Роки“, кој ја одбележа неговата кариера.

Во документарниот филм „Sly“ тој зборуваше за бројни детали од својот живот, а призна и дека за малку ќе умрел за време на снимањето на оваа продукција.

Имено, според неговите зборови, Долф Лундгрен, кој го играше Иван Драго, толку силно го удрил што Сталоне се исплашил дека може да умре и да заврши „разговарајќи со ангели“.

„Долф Лундгрен, ме здроби. Подоцна таа ноќ, моето срце почна да отекува – што се случува кога срцето удира во градите. Тогаш мојот крвен притисок скокна на 260 и мислеа дека ќе ‘разговарам со ангели’. Следното нешто што го знам е дека сум на интензивна нега, опкружен со калуѓерки“, се присетил Сталоне, пренесе „Инсајдер“.

Тој исто така истакна дека целата оваа ситуација најверојатно е предизвикана од удар во ребрата кој му го задал Лундгрен, а овој настан претходно го коментираше и самиот Долф.

„Само следев наредби. Тој беше газда, го направив тоа што ми рече. Сталоне постојано зборува за тоа, па можеби е во право. Тој отиде во болница, но не знам дали тоа беше поради моите удари или затоа што беше премногу зафатен како режисер, актер и писател“, изјавил Лундгрен за „Гардијан“.

Слични содржини