Срцева: Пациент со прострелна рана е примен на КАРИЛ

од Марта Пешевска
101 прегледи

На Клиниката за анестезија, реанимација и интензивно лекување (КАРИЛ) утринава е примен пациент со повреда од огнено оружје, потврди директорката на клиниката, Марија Срцева.

„Пред 10 минути е примен пациент со повреда од огнено оружје. Во моментов се вршат неопходните испитувања, состојбата е генерално стабилна и по иследувањата, пациентот ќе продолжи со лекување на Клиниката за пластична хирургија“, изјави Срцева.

Засега нема информации за околностите под кои е настаната повредата.

Слични содржини