Министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски, оствари билатерална средба со Един Форто, министер за транспорт и врски на Босна и Херцеговина.
На средбата двајцата министри ги потврдија добрите односи помеѓу Северна Македонија и Босна и Херцеговина и заклучија дека двете земји остануваат силно посветени на реализација на инфраструктурните проекти со цел зацврстување на регионалната соработка.
На средбата се отвори и прашањето за воспоставената авиолинија Скопје-Сараево како услов за зголемување на трговијата, туризмот и соработката меѓу двете земји.
Министерот Бочварски потенцираше дека Република Северна Македонија во делот на транспортната политика во континуитет ја усогласува легислативата со таа на Европската унија.
„Драго ми е што денеска остварив средба со мојот колега министер од Босна и Херцеговина, г-динот Форто. Разговаравме за процесите на олеснување и подобрување насекторот транспорт, дадовме фокус и на продлабочување на регионалната соработка, како и на заедничките инвестиции за развој на мрежата на европските коридори. Меѓузависноста на нашите земји не поттикнува да спроведеме мерки и политики што ќе го олеснат транспортот и трговијата и ќе ја зголемат регионалната соработка, како предуслов за заеднички пазар, интеграцијаи членство во Европската Унија,“ – изјави министерот Бочварски.
Билатералната средба помеѓу министрите на Северна Македонија и Босна и Херцеговина е во рамки на Министерскиот совет, кој овие два дена се одржува во Скопје.