На денешната средба помеѓу министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски и директорот на АД Пошти на С.Македонија, Јани Макрадули, фокусот бил ставен на подобрување на технолошкиот процес, новата ценовна политика и поволните услови за корисниците на поштенските улуги.
Како што информираат од ресорното Министерство на средбата било разговарано за активностите во рамки на работењето на АД Пошти, но и за новите услуги што претпијатието ги воведува. Меѓудругото, било споменато и за воведување на платформата е-трговија, алатката која ќе биде дел од АД Пошти во иднина.
„Особено се потенцира дека во перидот што следи, фокус на работењето ќе биде подобурвање на технолошкиот процес, нова ценовна политика и поволни услови за корисиниците на поштенските услуги. Генералниот директор Јани Макрадули, истака дека подобрувањето на работењето се прави користејќи нови современи дигитални алатки, соработка со Поштите од регионот, намалување на непродуктивноста и соодветна прераспределба на тековно расположивиот човечки кадар“, стои во соопштението од Министерството за транспорт и врски.
Во таа насока, Министерот Бочварски изразил целосна поддршка во имплементација на новите услуги.
„Денешната средба со директорот беше значајна бидејќи разговаравме за новите предизвици што следат на пазарот на поштенски услуги. Многу е важно Пошта да понуди нови конкурентски услуги на пазарот. Ја изразив мојата целосна подготвеност да дадеме поддршка за сите процеси и услуги што ќе ги воведува во следниот период“, посочи Бочварски.