Средба Хајндл – Груевски: Избори се прифатливи во секој термин

од Vladimir Zorba
120 прегледи

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски денеска имаше средба со германскиот специјален пратеник Јоханес Хајндл, на која се разговарало за повеќе актуелни теми поврзани со политичката состојба во државата, како и европските интеграции и активностите кои се превземаат за исполнување на високите критериуми, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

133206033-59819 (1)

Груевски посочил дека партијата е посветена и работи на надминување на политичките предизвици, како и фактот дека деструктивното однесување на опозицијата нанесува штета на државата и никако не оди во прилог на надминување на актуелната состојба, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ..

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ рекол дека е потребна конструктивност базирана на разумно однесување од кое полза ќе имаат граѓаните на Република Македонија кои посакуваат стабилизација и враќање на просперитетот и продолжување на економскиот развој.

За ВМРО-ДПМНЕ, потецирал лидерот на партијата, избори се прифатливи во секој термин, но притоа нема да се дозволи државата и граѓаните повторно да бидат заложници на ново лицитирање со термини, како што тоа беше во изминатиот период.

– Во таа насока и со цел неоправдано да не се истакнуваат изговори за неодржување на избори, СДСМ ќе мора да даде потврда и да се обрзе дека избирачкиот список е прочистен, а во периодот кој следи посветено ќе работат на подигање на довербата во Избирачкиот список, иако тој за ВМРО-ДПМНЕ никогаш не бил спорен сегмент, изјави на средбата Груевски.