Средба Лога – Нојкрих: Зајакнување на правдата и борбата против корупцијата

од Radmila Tasevska
166 прегледи

Соработката со Министерството за правда, проектите што ги спроведува Советот на Европа и реформската агенда биле во фокусот на разговорите на министерот за правда Кренар Лога со Клаус Нојкрих, директор за координација на програми во рамки на Советот на Европа.

-Зајакнување на правдата, борбата против корупцијата, промовирање на антидискриминација и заштита на правата на ранливите групи, поефикасен систем на бесплатна правна помош, зајакнување на капацитетите на казнено поправниот систем во Република Северна Македонија, се само дел од областите на кои интензивно ќе се работи во наредниот период, соопштија попладнево од Министерството за правда.

На средбата министерот Лога информирал за активностите на Министерството за правда за обезбедување на полесен пристап до правдата преку отворање на канцеларии за бесплатна правна помош за ранливите категории во повеќе општини.

Тој посочил дека во периодот кој следи најголем предизвик ќе биде затворскиот систем и подобрување на условите за издржување на казните.

Слични содржини