Средба Макрон – Маск во Париз

од Stefanija Kuzmanovska
231 прегледи

Францускиот претседател Емануел Макрон денеска ќе го прими Елон Маск, сопственикот на Tesla и Twitter, пред почетокот на состанокот наречен Choose France на кој ќе учествуваат повеќе од 200 шефови на мултинационални компании, соопшти Елисејската палата.

Тие утрово ќе разговараат за „привлечноста на Франција и нејзините индустрии“, соопшти француското претседателство, потврдувајќи ги претходните информации од медиумите.

Шефот на француската држава попладне ќе прими повеќе од 200 шефови на мултинационални компании во Версајската палата во близина на Париз на состанокот Choose France.

Во најавата за таа средба се наведува дека се очекуваат рекордни 13 милијарди евра инвестиции.

Слични содржини