Средба на градоначалничката Арсовска со австрискиот новоименувам амбасадор Памер

од Radmila Tasevska
254 прегледи

Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска денеска оствари средба со новоименуваниот амбасадор на Австрија во земјава Мартин Памер, на која акцент бил ставен на изборот на Град Скопје за престижната титула „Европска престолнина на културата за 2028 година“ и на богатата програма под слоганот „Култура над поделба“ преку која Скопје ќе соработува со градовите и земјите од Европската Унија.

Како што информираат од прес-слу\бата на Град Скопје, градоначалничката Арсовска нагласила дека титулата на Скопје за „Европска престолнина на културата“ е високо признание за секој град, затоа што културата зазема важно место во развојот на градовите и претставува двигател на урбаниот, социјалниот и економскиот развој.

Во насока на интензивирање на соработката меѓу Градот Скопје и Виена, амбасадорот Памер ги истакнал потенцијалните можности на полето на културата и културната размена, а е разговарано и за проектите од областа на урбаното живеење и цивилната заштита, кои ќе бидат дел од следните активности меѓу Скопје и Виена.

Слични содржини