Министерот за правда Кренар Лога денеска остварил средба со новоизбраната претседателка на Комората на извршители, Весна Деловска, на која и посакал успех во должноста и изразил задоволство за нејзиниот конструктивен пристап и подготвеност за соработка и заедничко решавање на сите предизвици, со кои се соочуваат граѓаните и извршителите во секојдневната работа.
Како што соопшти Министерството за правда, на средбата било разговарано за законските измени со цел изнаоѓање најдобри решенија, предизвиците на извршителите, како и за барањата и проблемите на граѓаните.
Соговорниците дискутирале и за надзорот врз работата на извршителите со цел надминување на секакви проблеми и недоразбирања и за решавање на забелешките на граѓаните.
-Ги повикуваме граѓаните во иднина за сите нивни жалби и проблеми да се обратат до Комората на извршители, како и во Министерството за правда, се наведува во соопштението.