256
Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, денес (5 март 2021), со почеток во 10.00 часот, во Клуб на пратеници ќе одржи средба со предводниците на верските заедници во Република Северна Македонија.
Тема на средбата ќе биде текот и активностите на спроведувањето на Пописот 2021, кој од 1-ви март започна да се спроведува за неколку категории на државјани на Република Северна Македонија, меѓу кои и за дијаспората. На средбата ќе присуствува и Директорот на Државниот завод за статистика, Апостол Симовски.
По завршување на средбата, предвидени се изјави за медиумите.