Средба на началникот на ГШ на АРМ Величковски со американскиот амбасадор Бејли

од desk3
73 прегледи

DSC_0010

Началникот на Генералштабот на АРМ генерал-потполковник Методија Величковски денeска оствари средба со амбасадорот на САД во Република Македонија Џес Л. Бејли и одбранбеното аташе полковник Томас Батлер.

DSC_0019

На средбата, соопшти денсека Министерството за одбрана, генералот Величковски и амбасадорот Бејли ја истакнале одличната билатерална соработка помеѓу АРМ и Вооружените сили (ВС) на САД. Началникот на ГШ на АРМ Величковски нагласил дека ВС на САД се стратешки патнер на АРМ во меѓуармиската соработка.

DSC_0028

Заблагодарувајќи се за поддршката на САД кон Република Македонија, генерал-потполковник Величковски, стои во соопштението, се заложил за натамошно јакнење и проширување на соработкаta помеѓу двете армии преку развој на проекти, во функција на поголема интероператибилност на АРМ со НАТО./МИА