
Претседателот Мурати ја запознал амбасадорката Брнс со предизвиците со кои се соочува Судот и активностите кои се преземени во периодот по неговото стапување на функцијата претседател на Судот, кои се со цел обезбедување на целосна независност и самостојност како основен предуслов за функционирањето на еден орган кој има задача да ги штити уставноста, законитоста и слободите и правата на граѓаните.
Амбасадорката, забележал, дека само независни институции можат да бидат силни демократски институции во едно општество и во тој контекст ја искажа својата поддршка за идни заеднички активности.