Претседателот Стево Пендаровски денеска ја прими Ана Стојаноска, уметнички директор и претседател на Собранието на Македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“. На средбата, Стојаноска го информираше претседателот Пендаровски за тековните активности во насока на организирање на овогодинешното издание на фестивалот којшто ќе се одржи од 7 до 14 јуни во Прилеп.
-Истакнувајќи дека од минатата година концептот на „Војдан Чернодрински“ е „Враќање дома“, Стојаноска посочи дека целта на најстариот театарски фестивал е симболично да ги врати дома сите театарски уметници, а Прилеп да биде град на театарот, информираат од кабинетот на претседателот Пендаровски.
Говорејќи за дел од предизвиците со кои се соочуваат, Стојаноска подвлече дека на фестивалот во континуитет се изведуваат најдобрите театарски остварувања од македонска театарска продукција и се афирмира македонското драмско творештво.
На срдбата, потенцирајќи дека одржувањето на фестивалот е од државен интерес, претседателот Пендаровски потенцираше дека е особено важно да се продолжи речиси шест децениската традицијата на Македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“.