Средба Османи – Лудва: Чешка е наш сојузник

од Stefanija Kuzmanovska
134 прегледи

Министерот за надворешни работи Бујар Османи, денес, оствари средба со амбасадорот на Република Чешка во Скопје, Јарослав Лудва.

Потенцирајќи ги одличните билатерални односи меѓу Северна Македонија и Чешка, министерот Османи нагласи дека претстојната посета на неговиот чешки колега Јан Липавски на нашата земја е потврда за традиционалното пријателство и широка секторска соработка.

Соговорниците се согласија дека двете држави остваруваат значајно партнерство во рамки на ООН, НАТО и ОБСЕ, а Чешка останува еден од најгласните поддржувачи на нашата земја во однос на политиката на проширувањето на ЕУ.

На средбата се разговараше и за актуелното претседателство на нашата земја со ОБСЕ и безбедносните и економските предизвици со кои земјите се соочуваат по руската воена агресија на Украина.

Слични содржини