Руската Федерација прави се за да ја подобри безбедноста на нуклеарните објекти, порача денеска рускиот претседател Владимир Путин на средбата со директорот на Меѓународната агенција за атомска енергија( ИАЕА) Рафаел Гроси, во Сочи, пренесува РТ.
Путин напоменал и дека Русија ја продолжува соработката со ИАЕА и дека е еден од лидерите во нуклеарната енергија.
„Москва е подготвена да направи се за да се осигура безбедниоста во која било точка во која Русија е поврзана со нуклеарната енергија,“ истакнал тој.
Според „Ројтерс“, Гроси пред средбата со Путин имал тензични рзговори околу безбедноста на нуклеарната централа „Запорожје“ со руските власти од „Росатом“, кои ја заедоа најголемата нукеларна централа во Европа во 2022 година, кога беше оштетена од пожар, и оттогаш раководат со неа.
Сите шест реактори на нуклеарката се затворени, но на комплексот му е потребен постојан проток на енергија и вода за да го чува ладно нуклеарното јадро и да спречи потенцијално катастрофално топење.